Швајцарската влада бара од сопствениците на електрични автомобили да помогнат при плаќањето за одржување на патиштата. Според сегашниот систем, сопственик на електричен автомобил во Швајцарија плаќа ист данок на автомобили како и сите други, а тоа е 4 проценти од увозната цена.
Одржувањето на швајцарската инфраструктура е скапо
Поради високите Алпи, изградбата и одржувањето на патиштата се скапи. Досега за ова се користеле даноци на бензинот и дизелот. Електричните автомобили ги користат патиштата во земјата исто како и сите други, но швајцарската влада верува дека тие не придонесуваат во нивното финансирање во иста мера. Затоа сега предлага две различни опции за почеток на оданочување на електричните автомобили.
Според првиот предлог, сопствениците на електрични автомобили ќе бидат принудени да плаќаат данок врз основа на тоа колку возат. Ова ќе се проверува на годишниот технички преглед на возилото. Колку повеќе возат, толку повеќе данок ќе плаќаат. Тоа би бил тежок удар за иднината на електричните автомобили во конзервативната алпска земја. Друг модел е дополнителен данок на електрична енергија. Целата електрична енергија што се користи за електрични автомобили ќе подлежи на дополнителен данок. Ќе се воведе за јавни и приватни бензински пумпи. Како ќе се контролира ова, сè уште не е одлучено.

Околу 15 % од националниот возен парк
Во Швајцарија има околу 4,8 милиони автомобили. Од нив околу 5 проценти, или 200.000, се електрични автомобили. Ако се додаде и бројот на хибридни возила со приклучок, тоа изнесува околу 15 проценти од националиот возен парк.
Во Швајцарија има скромно зголемување на бројот на електрични автомобили. Сепак, политичарите веруваат дека веќе е време да се започне со казнување на возачите на електрични возила. Предлогот оди на консултација. Потоа ќе се одржи референдум на кој Швајцарците ќе го искажат своето мислење за ова прашање.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik