Жител на Швајцарија искористил дупка во нов поедноставен закон за промена на полот и се регистрирал како жена за да може да добие право на пензија една година порано.
Од почетокот на годинава, за да се смени полот на документите во Швајцарија, потребни се само десетминутно интервју и уплата од 75 швајцарски франци. Процедурите како физички преглед и хормонско тестирање биле елиминирани.
Еден жител на Луцерн ја видел оваа промена како можност за профит. Старосната граница за заминување во пензија за мажи е 65 години, додека за жените е 64 години.
Жителот, кој е неименуван, едноставно се пријавил како жена кај надлежните органи. Тој подоцна им потврдил на семејството и пријателите дека го сторил тоа само за порано да замине во пензија. Засега не се знае дали властите ќе ја оспорат оваа пријава.
Локалните медиуми навеле неколку други сценарија со кои може да се искористи новиот закон, како пријавување на мажи како жени за да се одбегне служење воен рок, кој е задолжителен за мажите во земјата. Освен тоа, вдовците би можеле да „станат“ вдовици за да добијат поголем паричен надомест на кој имаат право жените.
Извор:
Klix
Фото: Pixabay