Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за студиската 2024/2025 година.
Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk. Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението, на адресата на Државната комисија бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11). Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.
Во продолжение можете да проверите дали ве има на листите.
Трета група - државни универзитети
Четврта група - 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование