X
 06.07.2023 Образование

Објавени резултатите од матурата, страницата за проверка на резултатите е падната

Од вчера матурантите можат да си ги проверат резултатите од испитите за екстерните предмети од државната матура, но само на огласните табли во училиштата. Страницата за проверка на резултатите matura.gov.mk не функционира, а информацијата дека резултатите се објавени, како што изјавија матуранти за Факултети.мк, се проширила од професори и преку социјалните мрежи.

Средношколците можат до денес до 14:30 часот да поднесат приговор, за кој се плаќаат 2.500 денари. На 12 јули ќе бидат објавени резултати од разгледаните приговори, а истиот ден во период од 12 до 15:30 часот ќе може да се закаже увид во тестовите. Увидот во тестовите за пријавените кандидати ќе се врши на 13 јули во просториите на Државниот испитен центар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование