X
 03.01.2017 Култура

Откриени нови докази за потонувањето на бродот Титаник


Титаник потонал заради големиот пожар што избил на него, а не затоа што удрил во санта мраз, тврдат стручњаците кои објавија нови докази што се потпираат на оваа теорија.

Потонувањето на Титаник

Величествениот брод, Титаник, потонал во април 1912 година на рутата од Саутемптон до Њујорк, при што животот го загубиле повеќе од 1500 луѓе и членови на екипажот.

Додека причината за несреќата се припушувала на огромна санта мраз во којашто удрил бродот, стручњаците дошле до нови докази кои укажуваат дека катастрофата ја предизвикал пожар што избил во трупот на бродот пред испловувањето што сопствениците на Титаник не сакале да го одложат.

Новинарот Senan Molony, кој повеќе од 30 години се занимава со катастрофата на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електро-инженер на бродот. Забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот од десната страна на трупот, на местото каде што подоцна бродот го пробила сантата мраз.

Дамките најверојатно настанале поради пожарот во една од просториите со котлите. Пожарот се обидувале да го изгаснат дванаесетмина луѓе, но бил преголем за да се стави под контрола, а температурата се искачила преку 1000 степени. Екипажот на бродот наводно добил наредба од претседателот на бродската компанија „White star line“, J. Bruce Ismay, да не смеат никому да кажат за пожарот, бидејќи сметал дека ќе успеат да го изгаснат. Претставувајќи го својот нов документарец „Титаник: Нови докази“, Molony навел како пред испловувањето бродот бил обратно врзан, за патниците да не го видат огнот што тлеел.

Кога бродот налетал на сантата, челичниот труп поради пожарот бил преслаб и испукал, по што се случило потонувањето.

„Службената истрага за оваа катастрофа потонувањето го третирала како божјо дело. Но, овој не бил едноставен случај на судар со санта мраз. Катастрофата е последица од оган, мраз но и човечки фактор, односно невнимателност од страна на сопственикот на компанијата. Никој досега случајот ‘Титаник’ не го проучувал на овој начин. Стручњаците за металургија ни кажаа дека нивото на температурата до кое можело да се стигне заради пожарот можел да ја намали цврстината на челикот и до 75 отсто“, појаснил Molony, а пренесува Индипендент.

Во 2008 година, експертот Roy Boston изнел теорија според која во складиштето за јаглен на Титаник почнал да тлее пожар десет дена пред испловувањето. И да не удрел во санта мраз, бродот би потонал пред да стигне во Њујорк, заклучил Boston.          
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура