X
 24.12.2016 Наука

Докажана Дарвиновата теорија во епрувета

Кога го започнала проучувањето на новите видови, еволутивниот процес чие постоење прво го претпоставил Чарлс Дарвин, група американски научници претпоставила дека  резултатите на студијата ќе ги чека долго.


Меѓутоа, не е тешко да се замисли колку научниците биле изненадени кога започнале да ги забележуваат првите промени по само еден месец.

Специјацијата претставува делење од еден вид на два нови, а всушност тоа е и она што го забележале научниците. Група биолози во својот експеримент користеле вирусот бактериофаг ламбда, кој со помош на два типа на рецептори врши инфекција на бактеријата ешерихија коли. Истражувачите одредиле два типа на ќелии кои вирусот ќе ги инфицира, а за секоја одделно користени се различни рецептори. По еден месец утврдено е дека вирусите еволуирале во два нови, потполно различни видови, специјализирани за по еден рецептор.

„Специјацијата до сега била невозможна да се истражи со директно набљудување, бидејќи тој процес трае многу долго. Заради тоа, некои научници започнале да се сомневаат во важноста на еволуцијата и во Дарвиновата теорија за природна селекција. Но, по овие експерименти веќе нема сомневање за нејзиното постоење3, велат научниците.

Научниците сега планираат да спроведат низа експерименти со кои ќе се обидат да дознаат нешто повеќе за оваа појава. Во комбинација со досегашните познавања на генетиката, новите информации би можеле да ни помогнат да сфатиме како да го продолжиме животот, да излечиме многу болести, па дури и да ги искорениме. Истражувањето е објавено во списанието „Science“.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука