X
 29.04.2024 Живот

Што се случило со исчезнатите патници од „Титаник“?

Повеќе од 1.500 луѓе, околу 70 отсто од патниците на бродот трагично загинале откако „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик во април 1912 година. Но, телата на околу 1.160 патници никогаш не биле пронајдени.

Што се случило со нив?

Бидејќи новите фотографии од бродоломот покажуваат чевли и шишиња шампањ што им припаѓаат на оние што биле на бродот, експертите го изнесуваат нивното мислење за исчезнатите патници.

Џејмс Делгадо, поморски археолог и историчар кој самиот нурнал до потонатиот брод, вели дека може да има „некаков привид на човечки останки“ во она што останало од луксузниот брод.

Од 2.224 луѓе на бродот, околу 1.517 го загубиле животот кога бродот потонал во утринските часови на 15 април, помалку од три часа откако удрил во сантата мраз. Од површината на океанот биле извлечени околу 340 тела со елеци за спасување, но 1.160 тела не биле пронајдени и повеќе никогаш не биле видени.

Делгадо вели дека дури и забите се распаѓаат по долготрајни периоди на океанското дно кое е претежно населено со микробиолошки живот како бактериите. Тој направил две експедиции до остатоците од Титаник, една во 2000 и една во 2010 година, нарекувајќи го местото моќно.

- Она што го гледате е парови чевли, што сугерира дека тука било нивното почивалиште. Тоа место е опиплив потсетник за загубата на овие животи - вели Делгадо.

Во 2004 година беше објавена неверојатна фотографија од чизма што лежи до она што се смета дека е палто, опкружена со садови, и е само еден пример од личниот имот во остатоците што веќе немаат сопственик. Делгадо рече дека таквите физички предмети треба да се третираат со почит исто како човечките останки.

1
Фотографија од чизма што лежи до она што се смета дека е палто, опкружена со садови
Фото: Institute of Exploration/Center for Ocean Exploration at the University of Rhode Island/NOAA Office of Exploration and Research

Во 111-те години по катастрофата, експедициите на Титаник не пронашле човечки останки.

Џејмс Камерон, режисерот кој го режираше филмскиот блокбастер „Титаник“, нурнал повеќе од 30 пати до Титаник и вели дека за време на овие нуркањаљ видел облека, чевли, што силно сугерираат дека некогаш имало таму тело, но никогаш не виделе никакви човечки останки.

Експертите велат дека голема е веројатноста телата да се распаднале или да биле изедени од морскиот живот на толку голема длабочина, како и од бактерии.

Професорот Џон Касела, форензичар на Атлантскиот технолошки универзитет „Слајго“ во Ирска, вели дека косктие брзо се разградуваат во солена вода.

- Коската е направена од минерал наречен хидроксиапатит, составен првенствено од калциум и фосфат, но и многу други помали молекули. Секако, за распаѓањето на телото придонесува и водата - вели тој.

Професорот додаде дека може да има човечки коски кои сè уште остануваат во урнатините дури и по 100 години, но тоа зависи од нивото на солена вода, pH вредноста на водата и ефектите на микроорганизмите.

- Можеби има уште многу коски, но тие се толку широко распространети во и околу потонатиот брод и покриени со тиња што би било многу тешко да се идентификуваат - вели професорот.

2
Пар чевли што лежат на дното на Атлантскиот Океан во близина на потонатиот Титаник
Фото: Atlantic Productions/Magellan

Потонатиот брод Титаник бил пронајден дури во септември 1985 година, повеќе од 73 години по потонувањето.

Дури и во студена средина со малку кислород, како што е дното на океанот, распаѓањето на телата би било забавено, но не и запрено, вели професорот Касела.

Без разлика дали се таму или не, за пронаоѓање на човечки остатоци на локацијата на Титаник веројатно ќе бидат потребни подводни истражувачки бродови за да ги отстранат деловите од потонатиот брод - нешто што им е забрането да го прават.

Титаник веќе е во кревка состојба, бидејќи бактериите го јадат железото во трупот на бродот и на крајот ќе го „консумираат“ целиот брод.

Она што остана од бродот толку брзо се влошува под вода што може целосно да исчезне во следните 40 години.

- Во овој момент, откако самиот брод ќе исчезне, може да останат некои лични работи, за кои Делгадо рече дека потенцијално би можеле да бидат донесени на копно - но само ако се стават во музеј наместо да се продаваат и тргуваат за лична корист.

- Човек не оди на гробишта за да стави работи на аукција - вели Делгадо.

Извор: Daily Mail
Фото: Atlantic Productions/Magellan
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот