X
 06.01.2017 Живот

Божиќна временска прогноза

Денес е петок, 6 јануари 2017 година, 6-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:23 часот. Денот ќе трае 9 часа и 27 минути.

Врнежите од снег кои што започнаа вчера а продолжија и во текот на ноќта четврток кон петок, ги имаме и ова утро насекаде во Македонија но со послаб интензитет во однос на вчерашните но се проследени со засилен студен ветер.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од снег но со многу послаб интензитет во однос на вчерашните и синоќешните врнежите, ветровито и студено време. Во доцните попладневни часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува доумерен засилен североисточе и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе бидат всушност и максимални и ќе се движат во интервал од -8 до 1 степен, а во текот на денот тие ќе продолжат да опаѓаат и кон крајот од денот ќе го достигнат својот минимум за овој ден и ќе се движат од -18 до -7 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје облачно време со слаби врнежи од снег проследени со засилен северозападен ветер и студено време. Минималната температура до -11 степени, додека пак максималната од -2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови претежно суво време без врнежи од снег, но многу студено, не очекуваат вистински ледени денови со температури кои се длабоко навлезени под просекот за овој период од годината. Во сабота и недела претежно облачно и многу студено време. Во сабота утринските температури од -21 до -10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -16 односно до -7 степени. Во недела утринските температури од -22 до -11 степени, додека пак максималните температури ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до -14 односно до -5 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и благ пораст на дневните температури кои ќе се движат од -12 до -3 степени во понеделни, односно од -10 до -1 степен во вторник.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот