Денес е среда, 15 февруари 2017 година, 46-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:24, а ќе зајде во 17:11 часот. Денот ќе трае 10 часа и 47
минути.
Ова утро во Македонија имаме ведро и студено утро со ниски утрински
температури кои условуваат појава на слаб мраз. По котлините имам и
појава на слаба магла.
МАКЕДОНИЈА – По студеното утро и утрински температури кои се движат од
-10 до -1 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито
и потопло време во однос на вчерашните температури со максимални
температури кои ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе
достигнат до 4 односно до 14 степени. Ќе дува доумерен северозападен и
североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч.
СКОПЈЕ – Во Скопје студено утро со појава на слаба магла. Во текот на
денот претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб
северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а
максималната дневна до 11 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Студено но потопло утро не очекува во петок и
сабота, потопло бидејќи температурите ќе бидат во пораст како утринските
така и дневните. Во петок утринските од -8 до 1 степен, додека пак
дневните од 6 до 15 степени, додека пак во сабота минималните
температури ќе се движат од -6 до 3 степени, додека пак максималните од
7 до 16 степени. Во сабота наутро и претпладне ќе биде умерено облачно
со повремени сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста, а во
доцните вечерни часови во западните и северозападните предели со услови
за слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 6 до 15 степени. Во
недела умерено облачно и нестабилно време со слаби врнежи од дожд и
дневни температури идентични како во саботата од 5 до 15 степени, но со
многу повисоки утрински.
Weather4all.com.mk