Заглавени сте во студ и снег и сакате да се стоплите? Девствените острови се подготвени да ви платат за да ги посетите.
Територијата која припаѓа на САД ќе доделува по 300 долари кредит на секој патник кој ќе помине барем три ноќи во „St. Thomas“, „St. John“ или „St. Croix“. Парите можете да ги потрошите на тури и активности на островите, како што се кајакарство или посета на музеи.
Оваа промоција има за цел да ја одбележи прославата за продавањето на
Девствените острови од страна на Данска на САД. Ако ги посетите островите во март, ќе добиете и сувенир во чест на „Transfer Day“ на 31-ви март.
За да ја добиете промоцијата, може да го резервирате вашето патување преку туристичката
веб страна на островите, со користење на кодот „CP1“. Плановите за патувањето мора да ги креирате до 1-ви октомври и да ги посетите островите некаде до тој период во 2017 за да добиете 300 долари.
Уште еден услов е тоа што морате да останете во некој од американските хотели на островите за да ги добиете парите.