X
 15.01.2023 Забава

Зошто одеднаш толку многу луѓе сакаат да го посетат Антарктикот?

Во последниве неколку недели на „Тик-ток“ се шират видеа од турбулентните патувања на Антарктикот, а видеата на корисниците што патуваат со брод низ Дрејковиот Премин станаа вирални. Зошто патувањето до Антарктикот стана хит меѓу влогерите?

Вратата на Антарктикот

Дрејковиот Премин, наречен и „Вратата на Антарктикот“, е водна површина меѓу ’Ртот Хорн (најјужна точка на Јужна Америка) и Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот. Го поврзува југозападниот дел на Атлантскиот Океан (морето Скоша) со југоисточниот дел на Тихиот Океан и продолжува во Јужниот Океан.

Патувањето низ овој морски премин може да биде мирно или исполнето со адреналин, во зависност од временските услови, па токму поради опасностите, ова патување стана популарно на „Тик-ток“. Доказ за тоа е виралното видео на влогерката Наташа Алден, која објави видео од опасното патување, а видеото за една недела собра речиси 14 милиони прегледи.

@theworldpursuit A super relaxed journey to Antarctica #antarctica #drakepassage ♬ My Heart Will Go On (Titanic) - Maliheh Saeedi & Faraz Taali
Кампување на мразот

Пред една недела тиктокерката Џордан Њутн објави снимка од нејзиното патување на Антарктикот, а видеото од нејзиното искуство со кампување на мраз собра 1,6 милиони прегледи.

Многу тиктокери се фасцинирани од патувањето до Антарктикот, но ненадејната преплавеност од таква содржина ги наведе некои да се запрашаат дали тоа можеби е групен попуст или кампања за промовирање на патувањето.

@jordantnewton The conditions our parents hiked to get to school every day #icecamping #antarctica #antarcticatravel #blizzard #bucketlisttravel #snowonthebeach ♬ Snow On The Beach - Taylor Swift
За што станува збор?

Инфлуенсерката Алиса Рамос потврди дека првпат во историјата туристичките агенции покануваат инфлуенсери на ова патување, но тоа е можно само во одредени периоди. Влогерката Наташа Алден одговори дека безбедно патување до Антарктикот е можно само за краток временски период, па затоа изгледа дека сите се таму во моментов.

Инаку, температурите на Антарктикот во зимскиот период паѓаат и до -49 Целзиусови степени.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/Tiktok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава