X
 06.01.2017 Технологија

Марк Цукерберг ги споделува сите информации со своите вработени

Во јули 2015 година, петок навечер, Марк Цукерберг се обрати пред неколку стотици вработени во „Facebook“, со само една видео камера која ги снимила неговите зборови за илјадници други вработени ширум светот.


Цукерберг кој вообичаено е смирен и интровертен, бил некарактеристично лут.

Цукерберг всушност им дал ветување на своите вработени : „Ќе ги пронајдеме тие што ги пренесуваат нашите информации и ќе ги отпуштиме“. На друг состанок една недела подоцна, тој рекол дека виновникот е пронајден и отпуштен. Присутните на тоа реагирале со аплауз.

За разлика од компании како „Apple“ и „Snapchat“, кои на своите вработени не им откриваат детали за големи проекти и амбиции, Цукерберг рутински споделува секакви податоци со вработените на редовните сесии кое веќе се одржуваат 10 години и тоа во петок навечер. Она што е неверојатно е дека речиси ниедна од споделените тајни не протекува надвор од тие кругови.

Извори велат дека Цукерберг ги користи овие состаноци за да им каже детали за идни проекти и новости на речиси 16 илјади вработени. Тој ја презентира стратегијата на компанијата и ги споделува личните мислења за своите конкуренти. Се зборува за сето она што е поврзано со друштвената мрежа, а речиси ништо од тоа не стигнува и до медиумите. Карактеристично е тоа што на овие состаноци пристап имаат и практикантите. Но, Цукерберг постојано ги потсетува вработените дека информациите кои се споделуваат на состаноците се приватни.

Вработените ја сфаќаат компанијата како едно големо семејство, па велат дека не е во ред да се измами семејството, што значи дека сите се согласуваат за зачувување на информациите внатре во компанијата.
Состаноците се одржуваа секој петок околу 16 часот попладне и Цукерберг зборува во времетраење од еден час. По формалностите,тој започнува со одговарање на прашања од вработените.

Поранешен вработен во компанијата изјавил : „Луѓето доаѓаат да работаат во Фејсбук заради Цукерберг. Ниедна друга компанија го нема Марк“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија