Состаноците во „Амазон“, една од најголемите компании во светот, почнуваат во тишина. Поточно, почнуваат така што сите собрани ги читаат белешките напишани на шест страници, како приказна, на темата поради која се состанале.
- За новите вработени, тоа е чудно почетно искуство - вели основачот на компанијата, Џеф Безос, бидејќи не се навикнати да седат во тишина со група раководители.
Како што истакнува, со читање на почетокот на состанокот сите започнуваат со исти информации, а резултатот е тоа што луѓето во компанијата се навикнуваат на донесување одлуки со пишување приказни.
Тој објаснува дека сложените реченици се потешки за пишување бидејќи имаат глаголи, додека пасусите имаат теми. Како што вели, не постои начин да се напише приказна на шест страници доколку не се размислува јасно.
Во интерната е-порака до својот тим во 2004 година Безос објаснува зошто презентациите во „Пауер поинт“ ќе бидат заменети со наративни белешки.
- Наративната структура на добриот меморандум придонесува за подобро размислување, подобро сфаќање на најважните ставки, но и на начинот на кој се поврзани работите - напишал Безос.
Според неговите зборови, презентациите во „Пауер поинт“ исфрлаат каква било смисла на поврзување на идеите. Тој обезбедил вработените да сфатат дека е важен начинот на комуникација, а не пишувањето. Безос објаснува дека белешките не се лесни за пишување, и дека најдобрите белешки се пишуваат преку соработката со колегите дури и по неколку дена. На тој начин се штеди време.
- Раководителите често ги прекинуваат презентациите со поставување прашања. Кога некој држи презентација, тие поставуваат прашања и го прекинуваат говорникот, а одговорот можеби се наоѓа во некој од наредните слајдови. Кога се читаат
белешките, ако на наредната страница има прашање, се запишува прашањето, а можеби веќе на четвртата страница се добива одговорот - истакнува Безос.