X
 07.01.2017 Живот

Секое трето дете е жртва на злоупотреба на Интернет

Децата се малтретирани, вовлечени во сексуални фотографии и злоупотребувани онлајн бидејќи нивните родители ги оставаат да лутаат слободно по Интернетот, велат експертите.


Ен Лонгфилд, детски комесар за Англија, вели дека неодговорните возрасни ја абдицирале својата улога како заштитници, оставајќи ги младите да се грижат самите за себе на Интернет бидејќи тие и не разбираат што всушност може да се случи. Лонгфилд објавила и резултати од едногодишниот извештај во кој вклучена била првата генерација на деца кои растат со Интернет. Заклучокот е дека децата половината од слободното време, а и повеќе го поминуваат на Интернет. И најмалите деца во сегашно време користат мобилни телефони, таблети и слично со кои имаат пристап до Интернет. Што се однесува до тинејџерите пак, се покажало дека една третина од нив имаат споделено експлицитни фотографии од себеси онлајн. Со тоа, тие се мета на дигитални демначи.

Експертите сметаат дека преголемата слобода која им се дава на децата за трагање по Интернет просторот често доведува до злоупотреба на децата и несакани последици. Според нив, децата треба да бидат повеќе едуцирани за овие појави и да бидат особено претпазливи при споделувањето и запознавањето нови луѓе онлајн. Исто така е важно децата да сфатат со што се согласуваат кога се приклучуваат на друштвените мрежи и да изнајдат начини со кои нивната приватност ќе биде заштитена, но и да внимаваат да не откриваат премногу детали за себе во своите објави. Според Лонгфилд, едукацијата за ваквите појави треба да биде присутна и во училиштата, каде што ќе се изучуваат техники кои ќе ги заштитат онлајн.
 Во нејзиниот извештај стои и предлогот за избирање на дигитален омбудсман кој ќе има задача да биде медијација помеѓу децата и интернет компаниите при потреба од отстранување на одредена содржина.

Иако Интернетот дава големи можности особено на децата и младите луѓе, сепак заштитата од ризици со кои може да се сретнат онлајн е од есенцијално значење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот