X
 15.09.2015 Економија

Македонска компанија ќе произведува авто компонентни за германската автомобилска компанија BMW

Домашните прозводни компании се силен фактор за економскиот развој. Значајно влијаат на создавањето на БДП, a доколку се извозни и во намалувањето на трговскиот дефицит, вработуваат, претставуваат значаен извор на приходи за државата, носат бројни комплементарни ефекти за останатите македонски компании. Таков е и примерот со македонската компанија ТЕ-ТЕ ПЛАСТ која е лидер во регионот за производство на пластични компоненти и калапи за светските автомобилски гиганти, која вработува 50 луѓе, а која како резултат на зголеменото производство создава можности и за дополнителни работни места, и тоа пред се за машински инженери.

 

bmw

 

Имено оваа наша компанија неодамна склучи 8-годишен договор со водечкиот производител на светла и светлосна опрема компанијата HELLA GROUP за испорака на компоненти за светла за целокупната програма на СУВ возила на познатиот германски производител BMW. Највисоките стандарди на производство кои што ги има имплементирано како ИСО9001, ИСОТС16949, високо стручниот кадар со кој располага, континуираните инвестиции во современа опрама и машини овозможија оваа компанија да извезува уште од 2009 година, од година во година да го зголемува производството, испорачувајќи компоненти на брендови како Audi, Nissan Renault, Seat, VW, Porsche, BMW.

 

Компанијата ТЕ-ТЕ ПЛАСТ постои од 1997 година, бележи постојан раст и континуирано инвестира во технологија и „know how“. „Произведуваме компоненти за светла, компоненти за клима уреди, за електроника и компоненети за авто каросерија. Ги следиме трендовите во индустријата, се трудиме постојано да се подобруваме и да ги задоволиме највисоките свестки стандарди. Соработуваме со водечки компании од автомобилскиот сектор, што е големо признание за нас и воедно потврда дека создаваме квалитетни делови кои се неизбежен дел од автомобилската индустрија“, изјави Ѓорче Тодоровски, генерален менаџер на ТЕ-ТЕ ПЛАСТ Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија