X
 12.01.2017 Живот

Интересен феномен: Облаци во необична форма

Патникот Илја Катсман од австралискиот град Аделаида додека летал со авион, успеал да сними облаци во необична форма.

 

облаци


„Оваа единствена форма на облаците успеав да ги направам додека летав од Перт до Аделаида“, пишува Катсман на фотографиите кои ги објавил на „Instagram“.

Фотографиите беа објавени и од австралиската авиокомпанија „Virgin“ со која летал Катсман.

„Летот над облаците никогаш не изгледал толку добро“, пишува под фотографиите објавени од авиокомпанијата. Фотографиите во рекорден рок привлекоа внимание, со што голем број теоретичари на заговор сметаат дека се доказ за „chemtrails“ - траги кои авионите го оставаат позади себе, а содржат хемиски и биолошки агенси.



Одличен пример за геоинженеринг

„Не гледам облаци, туку само хемиски патеки, одличен пример за геоинженеринг. Неверојатно е како постојат луѓе кои се'уште сметаат дека тие се обична теорија на заговор. Погледнете ги фотографиите“, е само еден од коментарите напишани под фотографијата.

 

„Луѓето летаа низ хемиски патеки, а мислат дека поминуваат низ прекрасни форми на облаците. Никогаш повеќе нема да летам со оваа авиокомпанија. Ги повикувам и останатите да се придружат“, пишува Деб Ленон.

„Утрински раскош“

Но, се чини дека голем дел од луѓето кои коментирале сепак не биле во право. Всушност, Катсман го објаснува природниот австралиски феномен наречен „Утрински раскош“ со кој се создаваат облаците.



„На фотографиите гледаме форма на облаците која може да се види секоја пролет во заливот Карпентариа. За првпат, ваквата форма била пријавена во 1870 година од капетан, а најчесто настануваат во пролет кога температурата на океаните е студена, а температурата на земјата е топла“, вели Текс Бетл.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот