Себастијан Алварез, кој е жител на Чиле, неодамна леташе во внатрешноста на вулканот Виларика, кој е најактивен вулкан во Чиле.
Алварез летал во вулканот со специјален костим со крилја откако скокнал од хеликоптер од 3,5 километри височина. Тој стигнал до вулканскиот кратер за 40 секунди, а летал во воздухот вкупно 3 минути.
Алварез изјавил за медиумите дека ова е најекстремниот проект што го направил досега со оглед на тоа што станува збор за активен вулкан кој е на голема височина.
Проектот бил спонзориран од „Ред бул“.
Извор:
Futurism
Фото: YouTube (Printscreen)