Суперсоничниот авион „аерион АС3“, дизајниран и развиван од американската корпорација „Аерион“, ќе може да лета со брзина од околу 5.000 километри на час.
Авионот би можел да лета преку Атлантикот, од Лондон до Њујорк, за еден час или помалку. Меѓутоа, според плановите, авионот би требало да го направи првиот лет до крајот на деценијата.
Авионот бил дизајниран за да пренесува најмногу 50 патници. Компанијата што работи на авионот веќе работела на друг суперсоничен авион, „аерион АС2“, кој е приватен авион за 8-12 патници.
Компанијата истовремено е партнер на „Боинг“ и работи со „Џенерал електрик“ на дизајн на мотор за своите суперсонични авиони. „Аерион“ соработува и со истражувачкиот центар „Лангли“ на американската вселенска агенција НАСА.
Компанијата работи и на технологија која ќе го елиминира звукот на сонична експлозија. Сепак, постојат уште многу предизвици што треба да се надминат за луѓето да може да летаат со овој авион.
Автор: Сајан Чакраварти
Извор:
luxurylaunches.com