X
 12.01.2017 Образование

Ќе има ли продолжување на зимскиот распуст?



Министерството за образование и наука деновиве ќе излезе со став дали ќе има продолжување на зимскиот распуст кој трае до 17 јануари, поради временските услови и поларните студови кои ја зафатија Македонија, но и грипот од кој заболеа многу граѓани. Неофицијално, можно е распустот да се продолжи за два дена, односно 18 и 20 јануари. Со оглед на тоа што 19 е неработен ден поради празникот Водици, децата би тргнале на училиште на 23 јануари. Но, ако второто полугодие се одложи, тие денови ќе треба да се одработуваат во саботите.

- Досега само општина Струга побара одлагање на второто полугодие. МОН ќе излезе со официјален став околу ова прашање во следните денови - велат од министерството.

Одлагање на почетокот на второто полугодие од учебната година побараа директорите на сите основни и средни училишта во Струга. Се одлучиле на ваков чекор поради ниските температури, грипот и потребата да се заштедат нафта и дрва за греење. Некои од училиштата се соочуваат и со други проблеми како што се дефекти во водоводната мрежа. Тие побараа второто полугодие да почне на 23 јануари.
Подготвил: М.Ф.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование