X
 20.01.2019 Образование

Се продолжува зимскиот распуст за сите ученици

Во врска со континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, покрај серијата мерки со кои се веќе задолжени надлежните министерства, во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а  е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, односно Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование