X
 18.01.2017 Технологија

„Летечки автомобили“ на повидок?


Модел на летечки автомобил од Ербас

Групацијата „Airbus“ предвидува дека до крајот на 2030 година, 60 проценти од населението ќе живее во градовите, за разлика од сегашните 50 проценти.

Заради тоа, овој гигант на авиоиндустријата веќе развива решенија за воздушниот сообраќај.
За да се избегнат градските метежи, посебниот оддел на „Airbus“ за мобилност во урбаниот воздушен сообраќај работи на три нови концепти за воздушен превоз: возила односно летала за еден патник, дронови за достава на пакети и самоуправувачки автобуси, пренесува порталот Digital Trends.

Извршниот директор, Том Ендерс, на DLD конференцијата во Минхен ја изрази својата надеж дека неговата компанија до крајот на оваа година ќе го претстави леталото за едно лице, пренесува Reuters.
„Пред сто години урбаниот транспорт се одвиваше под земја. Сега ги имаме потребните средства да одиме над земјата. Сè уште се наоѓаме во експериментална фаза и ваквиот развој го земаме многу сериозно. Со летањето се избегнува потребата за вложување на милијарди во бетонски мостови и патишта.“

Проектот „Vahana“

Повикувајќи се на корпоративните искуства со изработката на комерцијално достапни хелихоптери и сè понапредните автономни возила, како и вештачката интелигенција, Ендерс заклучува: „Доколку го игнорираме ваквиот развој, ќе бидеме истуркани од важните сегменти на нашето работење.“

Претставениот концепт за самоуправувачки автомобил за еден патник, „Vahana“, веќе се смета за можно решение за градските метежи во иднина.

Тоа е возилото кое Ендерс сака да го тестира до крајот на годинава, и според Родин Лиасоф, лидерот на овој проект, тоа во целост е изводливо.

„За период не поголем од десет години, на пазарот би можеле да имаме производи кои ќе го револуционализираат урбаниот превоз на милиони луѓе.“

Потсистемските тестирања веќе се во тек, јавува Digital Trends.
Вториот проект на „Airbus Skyways“ предвидува огромни флоти од дронови за достава на пакети. Иако тие не планираат да влегуваат во овој бизнис, големите синџири како Amazon  или DHL, ги гледаат како потенцијални купувачи на нивните производи.

Дронови и „летечки автобуси“

Третиот концепт е „CityAirbus“, што предвидува електрично летечко возило за поголем број патници. Самиот дизајн сè уште е тајна, но концептот би подразбирал употреба на повеќе пропелери, како и пилот во почетната фаза.

Од  „Airbus“ истакнуваат дека нема да чекаат некоја друга компанија да им го преземе пазарот со летачките возила.

Како што наведува Јорг Милер од одделот за корпоративен развој, „овој пазар брзо ќе се развива штом еднаш ќе се распоредат првите летала во мегаградовите и ќе се забележат првите предности од тивкиот, незагадувачки воздушен  превоз по компететивни цени.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија