X
 30.11.2018 Живот

Во оваа земја не знаат за метеж во сообраќајот и за несреќи: здравјето е на прво место!

Животот без велосипед во Холандија е незамислив. Во земјата има 17 милиони жители, а 23 милиони велосипеди, што значи дека на секое семејство во просек му доаѓаат по три велосипеди.

Холанѓаните најмногу ги користат велосипедите како превозно средство до работа или за носење на децата на училиште, и тоа без оглед на временските услови.

Според истражувањата, 22 отсто од велосипедите се користат за работа, 18 отсто за одење на училиште, 14 отсто за купување, 31 oтсто рекреативно и 16 отсто за друго. Холанѓанките за 80 отсто повеќе ги користат велосипедите од мажите во оваа земја.

Велосипедот е популарен поради фактот дека е корисен за здравјето и со него се избегнува сообраќајниот метеж, а е и економичен. Секоја година се продаваат милион велосипеди, а населението во голема мера е заинтересирано и за половни велосипеди, така што повеќето Холанѓани возат половни.

velosipedi

Помасовното поставување на велосипедските патеки почнало по протестите во 70-тите години што биле организирани поради зголемување на сообраќајните несреќи во земјата.

Во Холандија денес има вкупно 35.000 километри велосипедски патеки, што е многу блиску до обемот на Земјата по екваторот (40.077 километри). На годишно ниво, жителите на оваа земја поминуваат по 888 километри со нивните велосипеди.

Секоја автобуска и железничка станица во Холандија, освен паркинг за автомобили, има и паркинг за велосипеди. Во Утрехт е во изградба најголемиот светски паркинг за велосипеди со капацитет од 12.500 велосипеди.

Освен локалното население, велосипедите се популарни и кај туристите, па така голем број туристи изнајмуваат велосипеди за да ги посетат историските знаменитости.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот