Овие компании развиваат беспилотни летала, летечки автомобили и одела кои би можеле да бидат достапни и за пошироката јавност, не само за некои луѓе. Погледнете ги.
Opener Blackfly
Во калифорнискиот стартап „Опенер“ се развива летечкиот автомобил именуван „Blackfly“. Тоа е, како што велат тие, првото целосно електрично лесно возило кое моќе да слетува и полетува исправено. Станува збор за едносед со домет од 40 километри и максимална брзина од 100 километри на час. Засега не е познато колку ќе чини. Се претпоставува дека цената би можела да достигне околу 33.000 долари.
Passenger Drone
Ова е дрон со големина погодна за еден патник со 16 ротори. Наводно, ќе биде можно да се полета со само еден допир. За да не се судрите со нешто додека летате, дронот ќе биде опремен со паметна автономна технологија. Цената сѐ уште не е позната, но веројатно нема да е ниска.
Volante Vision (Aston Martin)
Овој летечки автомобил е хибрид кој користи електричен со конвенционален погон. Може да слетува и полетува исправено и во него собира тројца патници. Не се знае кога ќе биде достапен, а со оглед на тоа дека станува збор за производител на луксузни возила, знаеме дека нема да е евтин.
Летечкото такси на „Убер“
Во „Убер“ развиваат возило кое имаат намера да го користат за својата програма за летечки таксиња. Ова такси ќе може да се повика преку апликација, баш како и обичните.
Lilium Aviation
Во овој германски стартап, меѓу гругите, пари вложи и кинески „Тенсент“. Минатата година во Баварија беше претставена демо верзијата на двоседот кој може исправено да слетува и полетува, а со кој од земја далечински управува пилот. Тие развиваат и возило за пет патници, кое би требало да може да лета до еден час без полнење. Возењето не би требало да биде поскапо од обично такси или воз.
Flying Exosuit (Gravity Industries)
Британскиот изумител Ричард Брауинг осмисли летачко одело кое би можело да ви овозможи лет како на јунаците од филмовите. Опремено е со пет млазни мотори и наводно може да научите да го користите за само неколку минути. Достапен е во ограничен број примероци по цена од 446.000 долари. Цената би требало да се намали со зголемувањето на производството, а се подготвува и значително поевтина електрична
верзија.