Денес е четврток, 19 јануари 2017 година, 19-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:51, а ќе зајде во 16:37 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 44 минути.
Најавуваните интензивни врнежи од снег кои што започнаа синоќа во
Македонија продолжија во текот на ноќта, а ги имаме и во овие утрински
часови иако во поголем дел се со слаб интензитет, со исклучок во
источните и југоисточните предели каде што врнежите се поинтензивни.
МАКЕДОНИЈА – Врнежите од снег продолжуваат и во утринските и
претпладневните часови кои ќе бидат проследени со засилен ветер.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и југоисточните предели.
Попладне врнежите постепено ќе престануваат, најпрво во западните
предели а во вечерните часови и во крајните источни предели. Ќе дува
доумерен североисточен и источен ветер, додека пак во југоисточните
предели слаб северозападен ветер. Минималните температури од -6 до 2
степен, додека пак масималните ќе достигнат до -3 односно до 4 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје облачно со врнежи од снег и ветровито. Попладне
врнежите ќе престануваат. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.
Утринската температура од -2 степен, додека пак максималната дневна
температура до 1 степен.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок во во утринските и претпладневните часови
ќе биде претежно облачно и постудено време со утрински температури кои
ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -8 до 0 степени. Во текот на денот
умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди и
температури од -3 до 4 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта
појава на магла. Во сабота и недела во утринските часови по котлините и
долините на реките појава на магла, која што понекаде ќе се задржи и во
поголем дел од денот, а во останатите предели умерено облачно време со
услови за повремени сончеви периоди. Максималните температури од -1 до 5
степени во сабота односно од -2 до 5 степени во недела. Во понеделник
студено утро со утрински температури од -12 до -5 степени, во текот на
денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневни
температури од -1 до 3 степени. Во доцните попладневни и во вечерните
часови со услови за провејување на слаб снег.
Weather4all.com.mk
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планиските превои Маврово,Стража,Пресека,Ѓавато,Плетвар и патниот правец Валандово-Дојран.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.