X
 26.11.2017 Наука

Ефектот „пеперутка“ е „виновен“ што не може да се предвиди времето

Сигурно сте чуле за податокот дека пеперутка може да замавне со крилјата во Бразил и да предизвика торнадо во Тексас. Ова е познато како ефектот „пеперутка“ и додека се појавува во се од метафори за човечката поврзаност со однесувањето на пазарот на акции, започнал со професорот за метеорологија Едвард Лоренз, која ја променил науката засекогаш.

Во 1961 година, внесувал податоци во нова компјутерска програма дизајнирана за симулирање на временски шеми. Симулацијата била повторување на она што веќе го правел, но овој пат заокружил една од неговите 12 варијабли од .506127 до .506. Потоа, излегол да пие кафе додека неговиот компјутер ги обработувал бројките. Кога се вратил, било јасно дека нешто не е во ред. Таа мала промена во неговите податоци довела до драстична трансформација, целосно менувајќи го симулираното време од 2 месеци. Своите откритија ги објавил во 1963 година и неговата идеја е позната како „сензитивна зависност од иницијални состојби“.

Научниците верувале дека се во природата е предвидливо. Но, откритието на Лорез покажува дека дури и најмалата промена може да го наруши целиот систем. Научното знаење никогаш не може да биде доволно напредно за да ја предвиди временската прогноза, бидејќу времето е непредвидливо во самата своја природа. Ефектот „пеперутка“ потенцира нешто кое е наречено „теорија на хаос“. Се однесува на феномените кои е тешко да се предвидат, како што се популација на животни, цени на акции, па дури и човеково однесување. Хаосот може да звучи како да е надвор од кругот на математиката – ако е непредвидливо, од каде да се започне? Но, се во универзумот е водено од правила, иако и често не сме сигурни кои се тие правила.

Хаосот не е случајност. Една од најпознатите илустрации на Лоренз е всушност графикон на решенија од равенки кои претставуваат движење на гас. Резултатот, всушност е како пеперутка. Па, може да се каже дека хаосот, секогаш има граници.

Што се однесува на теоријата за хаосот, дури и најдобрите равенки не можат секогаш да бидат 100% прецизни. Тоа особено се однесува на времето. Додека пеперутка, не може всушност да предизвика торнадо, други мали појави во атмосферата, како точната локација на индивидуалните облаци, може да има големи ефекти кои не можеме да ги предвидиме.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука