X
 29.07.2020 Наука

Гледајте го во живо лансирањето на најновата мисија на Марс на НАСА

Американската вселенска агенција НАСА се подготвува за својата најнова мисија на Марс. Агенцијата ќе го испрати роверот „Персевиренс“ на долго патување до Црвената планета оваа недела.


Фото: Pexels

Лансирањето на ракетата која ќе го носи роверот е закажано за 30 јули (четврток) во 13:50 часот според средно европско време. Ракетата ќе биде лансирана од вселенска станица во Флорида. Вселенската агенција ќе го пренесува во живо лансирањето на ракетата. Настанот може да се следи на видеото во продолжение. Преносот ќе започне во 13:00 часот.


Роверот „Персевиренс“, како и неговите претходници, ќе бара знаци за живот на Марс во минатото користејќи најнови научни инструменти, како радар, системи за анализа на временски услови и 23 камери.

На роверот ќе го има и хеликоптерот „Инџинуити“. Тоа е дрон кој работи на сончева енергија што ќе се обиде да лета на површината на Марс и ќе бара најдобри патеки за движење на роверот.

Роверот и хеликоптерот треба да пристигнат на Црвената планета во февруари 2021.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Насловна фотографија: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука