Роверот „Персевиренс“ на НАСА минатата недела пристигна на Марс и веќе испрати
фотографии од планетата.
Сега, роверот го испратил и првото аудио снимено на површината на Марс. Аудиото беше објавено заедно со ново видео од слетувањето на роверот на планетата.
Аудиото било снимено со два микрофона што се наоѓаат на роверот, а беше објавено и на „Инстаграм“.
Вселенската агенција објави две верзии од снименото аудио, една во која се слуша роверот и една без звуците од роверот. Она што може да се слушне на снимките во само неколку секунди е тивок ветер на Марс.
Извор:
nasa.gov
Фото: Принтскрин/Instagram