X
 25.01.2017 Живот

И ние те сакаме!


   
Наместо денеска да го славиме неговиот 36. роденден, цела Македонија на есен ќе одбележува десет години од неговата смрт. Но, неговите илјадници фанови не го забораваат 25 јануари, денот кога се роди Тоше Проески. Не само тие во Македонија, туку на целиот Балкан. Роденденот на младиот човек кој преку љубовта кон музиката им покажа на сите како вистински се сакаат луѓето воопшто. Едноставно, со три збора: „Ве сакам сите“.


Што да се напише за Тоше, десет години по најтрагичниот настан што го погоди секој што барем еднаш го слушнал неговото име? Дека е роден во Крушево, дека издаде многу албуми и песни кои засекогаш ќе останат хитови, дека беше мултиталентиран уметник, пејач и композитор, голем и хуман човек, вистински спортист, со душа до небото, дека ги остави неутешни неговите родители, сестра му и нејзиното семејство... Сите тоа одамна го знаеме. Веројатно треба да го повторуваме, за да не го заборавиме. Тој беше вистински пример дека за доблестите се уште има место на овој свет.

Вечна слава Тоше. И ние те сакаме.

Подготвил: В.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот