Изложбата „Спомен-куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп-икона“ ќе биде поставена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.
На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.
Изложбата е во организација на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.
Извор: МИА