Овен
Работа - Цел август е во знак на драмата и сознанијата дека луѓето не се однесуваат секогаш онака како што се чувствуваат, ниту како што се очекува од нив. Парите ќе бидат чувствителна тема. Стекнатите знаења ќе ги искористите во текот на средината на месецот. Немојте да бидете себични, споделете ја мудроста.
Љубов - Август за Овните е во знак на љубовта и романтиката. На почетокот на август сериозно ќе се заљубите, а доколку сте во врска, повторно ќе се чувствувате како на почеток на врската. Доколку сте размислувале за романтичен излет, односно бегство од реалноста со саканата личност, почетокот на август е идеален период.
Здравје - Во август ќе се чувствувате добро и ќе имате доста сила.
Бик
Работа - На почеток на месец август ќе бидете инспирирани и немојте да се изненадите ако започнете да добивате одлични идеи бидејќи тие ќе дојдат како резултат од претходното истражување. Кон средината на месецот ќе заобиколите некои правила за да ги постигнете вашите цели. Кон крајот на месецот ќе морате дополнително да истражувате, но не се грижете, решението ви е точно пред очите.
Љубов - Биковите се едни од оние знаци кои никако не прифаќаат утешна награда, а во август тоа посебно ќе дојде до израз. За слободните Бикови, 2 август е значаен датум бидејќи ќе ги привлекуваат луѓето. Запомнете дека разговорот и компромисот секогаш се вистинско решение.
Здравје - Во август ќе имате одлично здравје и добро ќе се чувствувате.
Близнаци
Работа - Среќата е на ваша страна овој месец. Исто така, способноста да работите повеќе работи во исто време. Кон средината на месецот ќе мора да поставите некои директни прашања за да го решите настанатиот проблем. Доколку не сте вработени, 25 август ќе ви биде среќен ден кога ќе треба поинтензивно да барате работа. Доколку одредени проблеми не ги решите овој месец, ќе ве чекаат наредниот.
Љубов - Слободните Близнаци на почетокот на месецот ќе се однесуваат невообичаено за нив, така што немојте да се изненадите ако ве привлече личност која инаку не би ве привлекла. Близнаците кои се во врска дополнително ќе се зближат со партнерот.
Здравје - Целиот месец ќе зрачите од позитивна енергија.
Рак
Работа - Во август ќе работите на поврзување со вистинските луѓе, а имајте на ум дека луѓето попрво ќе направат нешто ако сами одлучат, така што бидете мудри и суптилно наведете ги да направат нешто за вас, а да не се претерано свесни за тоа.
Љубов - На почетокот на месецот една личност за која никогаш нема ни да претпоставите, ќе влезе во вашиот љубовен живот, што ќе ве изненади и од тој момент очекувајте го неочекуваното. За оние кои патат за нова љубов, 2 август носи нови почетоци. Близнаците кои се во врска или брак ќе откријат нови работи за партнерот, па ќе можат заеднички да уживаат во новите хобија.
Здравје - Можеби нема да бидете полни со ентузијазам, но не дозволувајте тоа да ве депримира.
Лав
Работа - Почетокот на месецот ви е среќен, особено 2 август. Бидете внимателни кога луѓето ви се доверуваат, особено во некои работни ситуации што се случиле во текот на минатата недела. Правете планови и размислувајте, запишувајте, но не ги откривајте.
Љубов - Каде и да се наоѓаат личностите родени во знакот на Лав, внесуваат живост и позитивна енергија. Почетокот на август ќе ви биде идеален за љубов. На почетокот на месецот ќе мора да поставите нови правила и граници, но најдобро е кога се знаат правилата на игра. Средината на месецот се најубавите денови за оние кои се во врска.
Здравје - Ќе работите напорно, па потрудете се да бидете физички подготвени.
Девица
Работа - На работен план ќе излезе нова можност, а вие сте доволно паметни да ја искористите. Цел месец ќе ве следи среќа, а проблемите ќе ги воочувате и решавате навреме. Ќе имате и можност да ги поправите грешките што претходно сте ги направиле.
Љубов - Девиците се познати по тоа што со своето размислување и планирање ги уништуваат спонтаните, романтични моменти, но во август можете да го пребродите тоа. На почетокот на август слободните Девици имааг големи шанси да го запознаат вистинскиот партнер. Девиците кои се во врска имаат добри изгледи со партнерот да ги продлабочат односите и да прават заеднички планови.
Здравје - Луѓето ќе ви се восхитуваат не само на работата туку и во теретаната.
Вага
Работа - Сами ја креирате вашата судбина. Денот кога ќе ви оди посебно од рака е 8 август. Кон средината на месецот послужете се со туѓа мудрост. Искористете ги познанствата за да стигнете до целта.
Љубов - Овој месец ќе биде во знакот на докажувања. Доколку подолго време флертувате со личноста за која се грижите, време е да го направите првиот чекор. Вагите кои се во врска ќе бидат уште повеќе заљубени во партнерот. Времето е идеално за заеднички патувања.
Здравје - Одлично!
Шкорпија
Работа - Сконцентрирајте се на она што е моментално, а не она што некогаш било. Доколку барате работа, среќен ден ви е 9 август. Кон средината на месецот комуникацијата ќе има клучна улога. Кон крајот на месецот ќе бидете доста креативни.
Љубов - Она што луѓето го сметаат за шармантно и мистериозно кај вас овој месец може да биде погрешно толкувано. Морате да бидете јасни и недвосмислени. Со партнерот ќе работите на врската и успешно ќе ги пребродите проблемите, така што ќе станете одличен тим.
Здравје - Здравјето ви влијае на добрата волја.
Стрелец
Работа - Во овој период дајте го максимумот од вас, бидејќи она што ќе го правите ќе има долгорочни ефекти. Ќе склопите сојузи за да дојде до резултати, барајте ги најсилните. Исклучително поволни денови за работа се 11 и 12 август, а ако сте во потрага по работа, бидете дополнително активни тие два дена.
Љубов - За стрелците кои се во врска важно е да постои взаемна доверба и да имаат простор и време за себе. На почетокот на месецот ве очекува романтично патување. Без разлика дали сте во врска или не, овој месец ќе имате причина за славење. Пробајте да не ги гледате работите низ розеви очила ако штотуку сте започнале врска со некој.
Здравје - Проблеми со коленото.
Јарец
Работа - Во август работните планови ќе ви се случуваат брзо. Ќе има доста промени, иако целите ќе останат исти. Среќните околности ќе ви помогнат да видите појасно некои работи. Кон средината на месецот ќе морате вашите преговарачки способности да ги подигнете на највисоко ниво. Доколку сакате промена на работното место или пак барате работа, 14 август ви е поволен ден.
Љубов - На почетокот на месецот ќе успеете да разрешите некои двоумици што ве мачат веќе подолго време. Доколку сте во врска, подготвени сте да ја подигнете на повисоко ниво. Личностите кои се слободни ќе доживеат романтични моменти во средината на месецот.
Здравје - Ќе бидете полни со енергија и ќе ја насочите во правилна насока.
Водолија
Работа - Во август ги ширите вашите хоризонти и видици, доколку се укаже можност, искористете ја ново стекнатата вештина да заблескате. Среќни денови ви следуваат после 16 и 17 август. Кон крајот на месецот концентрирајте се, не ја расипувајте енергијата на неважни работи. Секогаш имајте на ум кои се вашите крајни цели и бидете трпеливи.
Љубов- Припадниците на овој зна се доста интелигентни и им е важно партнерот да им одговара на интелектуално ниво. Доколку сакате да се смирите со поранешниот партнер, имајте на ум дека е можно да почнете од почеток, но мора со себе да расчистите некои работи. Доколку сакате промени, доколку сакате да пробате новиработи, мора да пронајдете некој нов.
Здравје - Фокусирајте се на себеси и обрнете внимание на вашето здравје.
Риби
Работа - Во август вашата креативност и инспирација ќе работат прекувремено, и ќе имате вистински визионерски сили. Потребно е да работите на комуникацијата и одржувањето на добрите односи со партнерите од работа.
Љубов - Во последно време ви фали повеќе романтика, а овој месец е можно да го добиете она што сте го сакале. Почетокот на месецот ви носи позитивна енергија, па затоа активирајте се, дружете се, патувајте, големи се шансите да запознаете некој интересен. Рибите кои се во врска ќе уживаат во хармонија со партнерот.
Здравје - Сакате да се чувствувате добро и да бидете фит. Не се откажувајте од планот.