X
 01.02.2017 Живот

Временска прогноза за наредните денови

Денес е среда, 1 февруари 2017 година, 32-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:41, а ќе зајде во 16:43 часот. Денот ќе трае 10 часа и 12 минути.

Ова утро во североисточните како и во поголем дел од западните и југозападните предели имаме претежно сончево време со локална облачност и со пониски утрински температури, додека пак во северните, централните како и делови од источните и југоисточните предели појава на магла и ниска облачност, па и температурите се повисоки.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови ќе имаме појава на магла и ниска облачност која што во централните, северните, источните и југоисточните предели ќе се задржи во поголем дел од денот. Додека пак во западните и југозападните предели како и на планинските предели се очекува претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер, а во југоисточните слаб северозападен ветер. Утринските температури од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 0 односно до 8 степени.

Во вечерните часови појава на магла.

СКОПЈЕ – Во Скопје имаме појава на магла и ниска облачност кои што ќе се задржат во поголем дел од денот. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 4 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток појава на магла и ниска облачност кои во поголем дел од Македонија ќе се задржат во текот на целиот ден, повеќе сочеви период се очекуваат во западните предели како и на планините. Дневните температури од 2 до 10 степени. Во петок претежно облачно и потопло време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината, утринските од -5 до 4 степени, додека пак максималните дневни од 4 до 12 степени. Во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а во попладневните и во вечерните часови со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот