X
 11.05.2017 Живот

Временска прогноза: Следува најтоплиот викенд, од понеделник повторно дестабилизација

Денес е четврток, 11 мај 2017 година, 131-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:13, а ќе зајде во 19:45 часот. Денот ќе трае 14 часа и 32 минути.

Ова утро во најголем дел од Македонија имаме претежно ведро и свежо време со пониски утрински температури кои што ги имавме изминатите денови. Во крајните југозападни предели имаме и појава на зголемена облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 1 до 10 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со пораст и на дневните температури. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат од 17 до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло време. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 26 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и топло време со пораст на температурите. Утринските од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат од 20 до 32 степени. Со напомена дека попладне во североисточните и источните предели постојат услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд. Во сабота и недела претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од годината. Во сабота максималните температури од 23 до 35 степени, додека па во недела ќе се движат од 20 до 32 степени. Во понеделник повторно дестабилизација на времето, претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и температури од 19 до 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот