X
 02.02.2017 Култура

Педро Алмодавар - претседател на жирито на 70 Кански филмски фестивал

педро

Иконата на шпанскиот филм и светски познатиот режисер и сценарист Педро Алмодавар е претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал, кој започнува на 17 мај и ќе го прослави своето 70-то издание.

„Многу сум среќен што ќе бидам во можност да го прославам 70-то издание на Канскиот филмски фестивал од толку привилегирана положба. Благодарен сум и почестен. Свесен сум за одговорноста која што ја налага оваа улога - претседател на жири, и се надевам дека ќе бидам подготвен за оваа работа. Можам да кажам дека ќе се посветам себеси, телото и душата на оваа задача која е привилегија и задоволство.

Со неговата блескава филмографија долга 35 години, овој виртуозен раскажувач создал силна врска со обожавателите на филмот насекаде низ светот. Од „Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón“ и „Julieta“, неговите филмови формираат блескав опус, наследство од неговата младост исполнета со протести и незаситна страст за женски фигури и историја на самиот филм. Секогаш изненадувачки и електичен, меѓутоа и кохерентен овој режисер може да создаде било каков жанр - фарса, трагедија, фантазија, мјузикл или трилер, секогаш зачинети со страст, посвојување, судбина, вина и погребани тајни.

Неговите филмови секогаш ги следат актери кои вдахнуваат живот во неговите ликови, вклучувајќи ги Пенелопе Круз, Мариса Паредес, Антонио Бандерас, Роси де Палма, Хавиер Бардем, Хавиер Камара, Кармен Маура и Викторија Абрил.

„За неговото 70-то издание, Канскиот филмски фестивал со задоволство му посакува добредојде на еден уникатен и популарен уметник. Неговите дела веќе оставија печат во историјата на филмот“, изјави претседателот на Фестивалот, Пјер Лескур.

Пет од неговите филмови - „Todo Sobre mi Madre“, најдобар режисер, „Volver“, најдобро сценарио, најдобар женски перформанс, „Los Abrazos Rotos“, „The Skin I Live In“ и „Julieta“ се избрани во конкуренција.

Со присуството на овој страсен вљубеник во филмот кој постојано ги прославува магичните моќи на киното и оддава почит на мајстори како Сирк, Хичкок и Буњуел, Канскиот филмски фестивал му оддава почит на голем меѓународен режисер и на модерна и слободна Шпанија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура