X
 04.10.2023 Забава

Колку луѓе го посетија и колку пиво се испи на годинашниот „Октоберфест“?

Благото есенско време и продолженото времетраење привлекоа рекордни 7,2 милиони посетители на годинашниот „Октоберфест“ во Минхен, изјави Клеменс Баумгартнер, менаџер на фестивалот.

Најголемиот светски фестивал на пивото последен пат беше посетен од 7 милиони посетители во 1985 година. Бројката за 2023 година е зголемена поради продолжувањето на настанот за два дена.

Годинава публиката испи само 6,5 милиони литри пиво, во споредба со 7,3 милиони во 2019 година. Не е јасно дали високите цени или зголемената апстиненција е причина за послабите резултати.

Побарувачката за сè попопуларните безалкохолни пијалаци беше зголемена за 50%, а најмногу се бараше вода.

На фестивалот имаше гости од други земји, како Италија, Франција и САД. Полицијата и итните служби го опишаа фестивалот како мирен. Меѓу поистакнатите посетители се актерот Арнолд Шварценегер и фудбалерот Хари Кејн.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава