Од денеска до 12 септември „Светот на Биби“ со своите производи ќе се претстави на Фестивалот на книгата, кој се одржува под мотото „Скопје чита“.
Љубителите на изданијата на „Светот на Биби“ ги чека голем попуст на штандот, каде што ќе може да си изберат од понудата на голем број сказни, друштвени игри, едукативни книги, кадифени кукли, сложувалки...
Според организаторите, фестивалот претставува манифестација посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка програма во попладневните часови.
На Фестивалот на книгата на околу 2.000 m² изложбена површина ќе се претстават 30-ина најголеми издавачки куќи, а се очекуваат над 15.000 посетители.