Видеото подолу ја прикажува приказната за уметникот Мајкл Таунсенд, кој изградил таен дом во трговски центар и живеел таму цели 4 години пред да биде откриен.
Таунседн и 7 други уметници го изградиле и го опремиле просторот од 70 квадратни метри во Провиденс Плејс, Род Ајленд, од 2003 до 2007 година.
Уметниците конструирале ѕид и врата за да биде просторијата скриена од другите луѓе во трговскиот центар. Успеале да внесат мебел во нивната тајна соба, а имале и „плејстејшн“.
Фото: Screenshot/YouTube