X
 27.02.2021 Живот

Државите во кои е најтешко да влезете во „клубот“ на најбогатите

Во Швајцарија треба да имате 5,1 милиони долари, а во САД 4,4 милиони долари за да бидете во најбогатите 1% од населението.

Најтешко е да се влезе во процентот најбогати жители во Монако и Швајцарија, покажува истражување на фирмата за недвижности „Најт Френк“. Жителите на Монако мора да имаат речиси 8 милиони долари за да бидат помеѓу најбогатите 1% од населението. Во Швајцарија ви требаат 5,1 милиони долари, во САД 4,4 милиони долари, а во Сингапур 2,9 милиона долари.

Со оглед на тоа што жителите на Монако не плаќаат данок на приход, истражувањето покажува на влијанието на ваквата политика врз богатството на луѓето. Тоа покажува и колку пандемијата го зголемила јазот помеѓу богатите и сиромашните. Износот потребен во Монако е 400 пати повисок од прагот во Кенија, која се наоѓа на последно место од 30 држави вклучени во анализата.


Фото: Монако/Pixabay

Светската банка проценува дека дури два милиона луѓе во Кенија станале сиромашни поради кризата поврзана со Ковид-19. Истовремено, 500. најбогати луѓе во светот минатата година го зголемиле богатството за вкупно 1,8 билион долари.

САД се земја со најголем број многу богати поединци, иако се забележува раст во Кина и во Хонгконг. Во азиско-тихоокеанските земји богатството на најбогатите луѓе се зголемило за 2,7 билиони долари минатата година.

Автор: Томислав Пили
Извор: poslovni.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот