X
 21.02.2017 Технологија

Најновиот Ајфон со спектакуларен изглед

Ова година се навршуваат 10 години од  појавата на iPhone,  паметни телефони  кои не само што  ја постави  Apple компанијата  на позиција на највредна  компанија  во светот туку направија   основа од кои денес практично се водат сите производители на сматфони.

ајфон8

Како и обично, Apple e затворен за јавноста, но секогаш протекува по некој детал ,а не би требало да не зачуди ако тоа свесно не го прави и самата компанија, како маркетиншки трик. Веќе има гласини за тоа што треба да донесат новите  iPhone уреди, но не и како ќе се вика:  iPhone 8, iPhone X   или поинаку.

Без брада и чело

Apple тестира повеке од 10 разни прототипи . Едно е сигурно -  тој ке доживее радикални измени од претходните модели. Пред сѐ ке се промени дисплејот. Копчето home ќе биде вградено директно на диплејот, куќиштето на телефонот ке биде застаклено со алуминиумски и челичен краеви со што ке сеовозможи безжичано полнење. Екранот ќе биде  4,7-инчен , со дијагонала од  5,5 инчи. Остатокот  на уредот ке биде за виртуелните функции на копчињата кои ке ги заменат физичките копчиња.

Самиот дисплеј треба да биде OLED или од флексибилна пластика, со што ке биде и потенок , енергетски поекономичен, и ке има поодобар приказ на слики со подобар контраст и верна репродукција на бои. Главен добавувач на екраните е Самсунг од каде  Apple порача 160 милиони дисплеи. Екранот ке виде свиткан по пример на Самсунг –Галакси С 7 Edge. Новиот телефон ке биде водоотпорен.

Премиум моделот, за жал,би можерл да стартува со цена од 1.000 американски долари што е за 50 % поскапо отколку кај  досегашните модели.

Нови опции


Ming-Chi Kuo од компоанијата  KGI Securities, кој ретко греши кога е во прашање компанијата  Apple,  смета дека новиот телефон  ке има многу напредни биометриски алатки како што се: препоизнавање на лица, скенирање на зеницата на окото..  Kuo верува дека Apple ке воведе нова генерација Touch ID, што би бил сместен под стаклото на дисплејот  и ке олеснува и осигурува  финасиските трансаксии. Можните опции за препознавање на лица  и други карактеристики  треба да ги направат работите покомплексни.

Камера 

Можно е Apple, после  iPhonea 7 да ја воведе мемориската опција од 256 гигабајти. Магазинот Fast Company верува дека  iPhone 8 ке има прилично поголема батерија  а што се однесува за камерата, таа ке биде со две леќи. Јапонската станица MAc Otakara  тврди дека тие две леќи ке бидат поставени  верикално, а не како досега хоризонтално како кајпретходниот модел. Оптичката стабилизација  ке одговара на сите модели и камерата ќе подржува 3D фотографски ефекти. Што се однесува за датумот на промоцијата, нема причина да се сомневаме дека Apple  ке се држи до стандардниот распоред  да се претстави во септември годинава.

Инаку  LG планира  масовно производство на  флексибилни дисплеи  за паметни телефони во 2018 година, а Apple во тоа му е наводно партнер. Apple, се претпоставува дека соработува со компанијата  Japan Display која развива флексибилни  LCD панели кои исто така би требало да излезат 2018 година.

Сите генерации на iPhone

2007. - iPhone

2008. - iPhone 3G

2009. - iPhone 3GS

2010. - iPhone 4 (нов дизајн)

2011. - iPhone 4s

2012. - iPhone 5 (нов дизајн)

2013. - iPhone 5s

2014. - iPhone 6  и iPhone 6 Plus (нов дизајн)

2015. - iPhone 6s  и iPhone 6s Plus

2016. - iPhone 7  и iPhone 7 Plus

2017. - iPhone 8   и iPhone 8 Plus (?)
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија