X
 25.02.2017 Култура

За сите љубители на хорор филмовите - „Killing Ground“

“Killing Ground” e нискобуџетен хорор филм на режисерот Дамиер Пауер од Тасманија, кој ни најмалку не очекувал дека тој ќе се прослави на Sundance Film Festival во Америка.

двајца мажи


Она што го прави поразличен од другите е неговата неконвенционална структура. Во филмот има три посебни приказни, во различно време и место: двајца љубовници на викенд, семејство во опасност и еден пар психопати кои се во потрага по насилство и крв.

„Структурата има за цел да направи да се чувствувате неизвесно. Жанрот трилер е обично неверојатно линеарен, па така мислам дека играњето со структурата е нешто што им се допадна на публиката и критичарите,“ вели Пауер.

Според критичарите насилството во филмот не е експлоатирачко. И самиот режисер вели дека многу обрнал внимание на тоа како се гледа на насилството, а со филмот сакал да постигне цел гледачите да увидат што прави насилството, не само да гледаат насилство. Неговата цел е тие да си постават прашање: Што би се случило во реалниот живот? Што би се случило со мене ако се соочам со оваа закана?

„Насилството во филмот изгледа многу реално и мислам дека заради тоа луѓето реагираат,“ вели тој.

Режисерот мисли дека Австралијанците сакаат да гледаат вакви филмови поради мрачната историја која ја имала земјата, а филмот зборува токму за циклусите на насилствата и за фактот дека никој не е безбеден.

По успехот на фестивалот во Америка ќе настапува и на други фестивали, затоа што режисерот не сака да се потпира на славата од Sundance фестивалот.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура