X
 01.11.2023 Култура

Хорор-филмови со најголема заработка на сите времиња

Холивудските режисери снимаат хорор-филмови уште од раниот 20 век. Некои од најпознатите се „Франкенштајн“ (1931), „Дракула“ (1931) и „Мумијата“ (1932).

Во чест на Ноќта на вештерките, кој се празнува во САД, веб-страницата „Вижуал капиталист“ ги претстави 15. хорор-филма со најголема заработка на сите времиња, користејќи податоци од „Д намберс“.

На врвот се наоѓа „Истерувач на ѓаволот“ (The exorcist) од 1973 година со вкупна заработка (приспособена на инфлацијата) од 2,8 милијарди долари. На второ и трето место се првиот и вториот дел од „Ајкула“ (Jaws), со вкупна заработка од 2,6 милијарди долари, односно 937,7 милиони долари, соодветно.

На листата се и „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The silence of the lambs), „Ханибал“ (Hannibal), „Калуѓерката“ (The nun) и „Интервју со вампирот“ (Interview with the vampire).


Фото: Visual capitalist

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура