Во тек се уписите за Сеавус талент програмата од областа на Телекомуникациските технологии, која нуди ретка можност за стекнување на стручност за една од водечките платформи за наплата. Сеавус е единствената компанија на Балканот која едуцира и вработува вакви кадри. Вработените ќе имаат можност да работат за некои од најдобрите телеком оператори во Европа
Како дел од Сеавус Талент програмите, шеста година по ред, Сеавус организира обука од областа на Телекомуникациските технологии. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат.
Секоја година на обуката се пријавуваат повеќе од 100 кандидати, од кои најмалку 20 ја добиваат можноста за едукација. Од нив пак, најдобрите, или според досегашното искуство, најмалку 10 кандидати добиваат можност да се вработат во Сеавус.
Интересот за Сеавус талент програмата е голем бидејќи станува збор за обука која нуди можност за стекнување на ретка стручност за една од водечките платформи за наплата. Всушност, Сеавус е единствената компанија на Балканот која едуцира и вработува вакви кадри. Уште повеќе, вработените ќе имаат можност да работат за некои од најдобрите телеком оператори во Европа, и секако, ќе имаат можност за чести патувања.
Обуката за една од водечките платформи за наплата ќе се состои од интерактивни предавања и практични вежби одржани од Seavus експерти со повеќегодишно искуство стекнато на проекти за реномирани компании. Со почеток во април, во времетраење од еден месец, сите учесници во обуката ќе имаат можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развој на нови функционалности и тестирање на платформата за наплата. Најуспешните учесници ќе добијат можност да станат дел од Телеком тимот во Сеавус и шанса да ја градат својата карира во најголемата ИТ компанија во земјава.
Повеќе информации за обуката прочитајте тука:
http://career.seavus.com/career-opportunities/choose-your-path/entry/talent-program/telecom-billing-platform-talent-program/
Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 10 март 2017.