Минатата година хрватскиот град Осиек одлучи да ги награди најдобрите матуранти плаќајќи им обука за полагање возачки испит. Сега на истиот потег се одлучил и градот Пула.
Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, откри дека од идната година градот ќе ги наградува најдобрите матуранти со обука за полагање возачки испит.
- Секогаш се трудиме да поттикнеме успех, а оваа година за најдобрите 10 матуранти подготвивме нешто повеќе од знак за внимателност. Градот ќе им плати обука во автошкола и полагање возачки испит - изјавил Зоричиќ.
Критериумите за утврдување на најуспешните матуранти ќе бидат одредени од средните училишта, според градоначалникот.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Pixabay