X
 26.01.2017 Живот

Дадилките во кралските семејства подготвени за секаква ситуација

Дадилките кои ги чуваат малечките деца од кралските семејства мораат да знаат многу работи – од спасувачки вештини, до теквондо, ама и менување пелени на неколку начини.

Поголемиот дел дадилки кои се ангажираат во кралските семејства учат на престижниот колеџ „Норланд“. Колеџот уште се нарекува и „Харвард за дадилки“, како и „училиштето на Мери Попинс“, заради вештините со кои дадилките се стекнуваат.

„Дадилките таму учат сешто, од вештини за самоодбрана, до брзо возење на автомобил кое може да биде потребно ако е загрозена безбедноста на идниот крал или кралица“, вели претставничката за медиуми на британското кралско семејство Викторија Марфи.

Дадилките на колеџот учат три години пред да ја добијат дипломата. Еми Робах која одела на колеџот, вели дека дадилките мора да носат минимална количина на шминка, прибрана коса, обетки и рамни чевли. На обуките учат да управуваат со колички за бебиња „силвер крос“, кои се тешки околу 30 килограми, а учат боречки вештини.

Од колеџот велат дека се за дадилка се бара личност која е топла, грижлива и забавна, бидејќи по родителите таа го познава најдобро малечкото дете.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот