Ноќта на Оскарите помина без ниту една награда за „Rouge One: A Star Wars story“. Филмот беше номиниран во две категории, визуелни ефекти и звук.
Најдобриот момент за „
Star Wars“ на Оскарите беше во 1978 година, кога филмот доби неколку златни статуетки.
„The Empire Strikes Back“ беше сместен во листата на 10-те најдобри на сите времиња, но Академијата во 1981 година им додели само една награда, за звук, како и „special achievement“ Оскар за визуелни ефекти.
„Return of the Jedi's“ доби една награда во 1984 година. Се на се, трилогијата има освоено вкупно 9 Оскари, што не е и така лошо доколку не го земете предвид фактот дека „Lord of the Rings“ трилогијата се закити со вкупно 17.
Минатогодишниот „The Force Awakens“ беше номиниран за 5 Оскари, но не доби ниеден. По се изгледа дека Академијата не сака научна фантастика, но можеби е само лоша среќа со оглед на тоа дека филмот е номиниран во категории каде што има силна конкуренција.
Останува да се види дали „The Last Jedi“ ќе ја скрши лошата среќа која го следи овој класик. До тогаш, фановите на „Star Wars“ ќе мора да се задоволат со фактот дека Кери Фишер и беше посветен последниот момент од сегментот „in memoriam“ и тоа со нејзината последна реченица од „The Force Awakens“: „May the Force be with you“.