Денес е среда, 7 јуни 2017 година, 158-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15
минути.
Ова утро во поголем дел од Македонија имаме зголемена облачност која што
ни условува и повисоки утрински температури, само во крајните јужни
предели и долж Повардарието е претежно сончево.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда во утринските и претпладневните
часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време.
Попладне развој на нестабилност која што ќе донесе нестабилно време со
врнежи од дожд и грмотевици, локално врнежите ќе бидат и од пороен
карактер, особено во западните и во крајните источни предели каде што
локално може да наврнат и до 20 литри. Сосема слаби врнежи или воопшто
ќе ги нема во југоисточните предели од Македонија. Ќе дува доумерен слаб
југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 10 до 18
степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21
односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска во претпладневните часови ќе биде претежно
сончево со локална облачност и топло време. Попладне нестабилно со
врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската
температура од 17 степени, а максималната дневна до 29 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Како што веќе неколку денови најавуваме, од четврток
конечно стабилизација на времето. Во четврток претпладне претежно
сончево со локална облачност и топло, попладне разведрување и сончево,
топло и ветровито време. Утринските температури од 11 до 19 степени,
додека пак максималните дневни од 19 до 30 степени. Во петок, сабота и
недела сончево и топло време. Во петок посвежо утро со утрински
температури од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни
температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 33 степени.
Најтопло време од деновите кои што не очекуваат ќе биде во сабота кога
утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак
максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35
степени, а во недела се очекува благо опаѓање на дневните температури
кои што ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени.
Weather4all.com.mk