Писателот и дизајнер Дејвид МекКендлес во неговото најново истражување открива колку се точни филмовите инспирирани од вистински настани.
Во неговото истражување вклучил добро познати филмови чија премиера се случила неодамна, а биле базирани на вистински настани; тој успеал да ја дознае вистинската историја позади филмовите и со тоа направил споредба колку еден
филм достојно ја раскажува вистинската приказна.
Нивоата на вистина ги поделил така што гледал кои делови од филмовите се вистинити, лажни или неаргументирани. Сината боја ја претставува вистината, додека розевата лажните факти. Ова се некои од филмовите и колку се тие вистинити.
Lion (2016) - 61.4% вистина
Hacksaw Ridge (2016) - 51.5% вистина
Hidden Figures (2016) - 72.6% вистина
The Big Short (2015) - Неверојатни 91.4% вистина
Spotlight (2015) - 76.2% вистина
Selma (2015) - Извонредно! Филмот ги пренесува настаните со 100% вистинитост, нешто што ретко може да се најде во денешните филмови.
Сите податоци можете да ги погледнете
ТУКА.