Фанови на „Игра на троновите“, спакувајте ги мечовите и наметките од крзно, одите во Вестерос.
Како што се приближува осмата и воедно последна сезона, Ејч-би-о ги објави своите планови за претворање на неколку филмски сетови во Северна Ирска во туристички места.
Продуцентската куќа допрва треба да ги потврди точните места што ќе бидат туристички атракции за наследството на „Игра на троновите“, но Ејч-би-о изјави дека се земени предвид филмските сетови на Винтерфел, Кесл Блек и Кингс Лендинг. Турите ќе им овозможи на фановите да ги видат костимите, предметите, оружјата и други материјали и да комуницираат со содржината прикажана на шоуто.
Атракциите ќе бидат нешто најголемо што
јавноста некогаш го видела, велат од продуцентската куќа.