Наскоро ќе пристигне филмот „Барби“ (Barbie), режиран од Грета Гервиг. Во пресрет на премиерата, приватен дом обоен во розово, наречен „домот од соништата за Барби“, наскоро ќе биде достапен за изнајмување преку „Ербиенби“.
Престојот е бесплатен, но ќе биде тешко да се направи резервација. Куќата ќе биде достапна за изнајмување на 21 и 23 јули, а резервациите може да се прават од 17 јули.
Гостите ќе може да позајмуваат облека од плакарот на Кен, да свират на неговата гитара и да играат на подиумот за танцување на отворено. Куќата има базен и се наоѓа веднаш до океанот.
Повеќе информации за резервирањето можете да најдете
тука.
Филмот „Барби“ ќе почне да се прикажува во кината низ светот на 21 јули.
Извор:
Mental floss
Насловна фотографија:
Airbnb