Пред една година, екологот Берта Касерес била убиена во Хондурас - веројатно бидејќи се борела контроверзен проект. Убиството допрва треба да се реши, додека убиствата во земјата продолжуваат.
Убијците пристигнале во раните утрински часови. На 3 март, 2016 година, неколку маскирани мажи насилно влегле во куќата на Берта Касерес во Ла Есперанза и го застрелале истакниот еколог. Голем број од нејзините поддржувачи се убедени дека некој го нарачал убиството на Касерес, бидејќи таа активно се спротивставувала на контроверзниот хидро-електричен проект во северозападниот дел на Хондурас. Берта била координатор во граѓанскиот совет на народните и домородни организации на Хондурас, и била вклучена во борбата против предложената брана на Рио Гуалтарке. Доколку проектот биде одобрен, браната ќе поплави голем дел од имотот кој припаѓа на заедницата Ленка. Убиството го шокираше светот, меѓутоа, денес, една година после нејзината насилна смрт, останува само несигурноста - и во врска со истрагата за убиството и во врска со иднината на „Агуа Зарка“, хидро-електричниот проект.
Досега се уапсени осуммина осомничени, меѓу кои и поранешни воени лица и вработени во енергетската компанија „DESA“ од Хондурас, која сакала да ја изгради браната.
„Однесувањето на владата на Хондурас не покажува доверба во фактот дека случајот некогаш ќе се реши“, изјави мексиканскиот еколог Густаво Кастро Сото, единствениот сведок на криминалот.
Најопасната земја во светот
Убиството на Берта Касерес не е единствено - еколозите редовно се жртви на убиства во Хондурас. Само пред неколку години, меѓународната невладина организација „Global Witness“ објави ново истражување во кое го прогласи Хондурас за „најопасната земја во светот за еколозите“. Според истражувањето, околу 120 еколози биле убиени во Хондурас во 2010 година, бидејќи се обидувале да ја заштитат животната средина.
Берта Касерес можеби била најистакнат член на „COPINH“ кој бил убиен, меѓутоа таа не била единствениот - неколку други членови на домородните организации биле убиени минатата година.
Постојат обвинувања дека владата на Хондурас била активно вклучена во овие убиства. И Берта Касерес била сомнителна. Пред три години, таа на „Al Jazeera“ изјави дека војската на Хондурас имала листа со имиња на 18 еколози - а нејзиното име се наоѓало на врвот: „Ако сакаат да ме убијат, ќе ме убијат“.
Контроверзниот проект бил реализиран, делумно, со финансирање од банките за европски развој „FMO“ и „Finnfund“. Турбините за проектот треба да бидат дадени од германската компанија „Voith Hydro“. И двата европски финансиери започнале да соработуваат со „DESA“ после убиството на Касерес.
Често пати, поддршката на европските инвеститори и компаниите се реализираат вакви спорни проекти. Невладините организации како „Counter Current“ ги обвинуваат „Voith“ за кршење на принципите на ОН, наведувајќи ја економијата и човековите права во извештајот објавен во мај 2016 година.
Обвинетите компании негираат било каква одговорност - „Voith“ тврди дека се реализирани сите потребни анализи и овластувања до моментот на потпишаниот одговор.
Претстојните претседателски избори во Хондурас, кои треба да се случат во ноември може да помогнат да продолжи истрагата за убиството. „Владата ќе се обиде да го затвори случајот пред почетокот на изборната кампања“, изјави Стефан Оферингер, советник за човекови права.