X
 26.09.2016 Култура

Земји кои се полоши туристички места од Северна Кореја

Светски најпознатите таинствени држави може да изгледаат како ризични места за туристите, но постојат уште поопасни места за патување.

Северна Кореја е толку лоша земја, што може да добие титула од меѓународната заедница. Таа е една од најпознатите таинствени држави во светот, која често прави наслови за тестирање на нуклеарно оружје и има евиденција за ужасната состојба на човековите права.


лоши туристички места


Посетителите најверојатно нема да ја видат оваа страна на земјата, бидејќи туризмот е строго контролиран и ограничен само за организирани групи. Сепак, искуството може да стане мрачна пресвртница за оние кои не ги следат правилата, како на пример американскиот туристички затвор стана актуелен претходно оваа година, за обидот на туристот да укради пропагандни постери.

Сепак постојат дестинации кои се исто толку лоши, ако не и полоши да ги посетите како турист:




Хондурас


Хондурас


"Криминалот и насилството се сериозен проблем во Хондурас и земјата има една од највисоките стапки на убиства во светот"- предупредуваат од “FCO“ (Foreign &Commonwealth Office).

"Избегнувајте шетање околу Тегусигалпа, Сан Педро Шула и другите главни градови на копнениот дел на Хондурас." Навистина, градот Сан Педро Шула е еден од најопасните, со втора највисока стапка на убиства во било кој град во светот (после Каракас, Венецуела). Според, “FCO“ вообичаени се вооружени напади врз автомобили и автобуси, вклучувајќи и возила оставени на градскиот аеродром.


Чад


Чад

Чад, Африка дојде апсолутно на самото дно на извештајот за туристичко-патувачка конкурентност во 2015, кој ги рангира земјите во категории како што се безбедноста, сигурноста и "меѓународната отвореност". Исто така, Владата прогласи вонредна состојба во регионот на езерото Чад, како одговор на прекуграничните напади од Боко Харам.


Пакистан



Пакистан

Постојат многу земји кои би можеле да ги наведеме тука за нивниот третман кон ЛГБТ лицата, но меѓу оние земји каде  хомосексуалноста се смета за криминал е Пакистан, каде што се казнува со казна доживотен затвор. Дури и “Lonely Planet“, кои обично се стремат да најдат добро, дури и во најтешките делови на светот, вели за Пакистан : "Луѓето говореа дека ризикот за патување во Пакистан било преувеличено од страна на медиумите, но последниве години се забележува забележителен пораст на политичко и секташко насилство.

Повеќето странски влади сега советуваат против сите патувања, или на сите, но патувања за суштински цели во големите области на земјата, а на многу места, се бара од странските посетители да патуваат со оружена придружба. "


Сомалија


Сомалија



“FCO“ советува и предупредува против сите патувања во конфликтната Сомалија. "Терористичките групи упатиле закани против “западњаците“ и оние кои работат за западните организации". Земјата, исто така беше прогласена за најкорумпирана во 2015 година, според индексот за перцепција на корупцијата на “Транспаренси Интернешнал“.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура